Кајли Џенер донирала половина милион долари за тинејџери болни од рак: Хуманост за полесни денови при лекувањето

Instagram
Instagram

Младата милијардерка Кајли Џенер донирала половина милион долари на Детската болница во Вандербилт, а со оваа хуманост сакала да оддаде почит кон својот пријател Хари Хадсон, пејач и текстописец кој бил излекуван од рак.

Џенер, во соработка со непрофитната организација „Teen Cancer America“, помогнала да се отвори дел од болницата каде што ќе можат да се собираат младите пациенти заболени од рак, да играат видео игри, да гледаат филмови и да медитираат.


Уште во 2017 година, таа објави дека започнува да работи со „Teen Cancer America“. Тогаш ријалити ѕвездата изјавила дека преку роденденската колекција на нејзината линија за шминка, Kylie Cosmetics собира пари за да и помогне на оваа организација.

„Teen Cancer America е одлична организација и мило ми е што научив нешто за нејзината работа преку Хари. Испраќам добри желби на сите пациенти и нивните семејства“, изјавила Џенер.

„Еј, јас сум тука за тебе“ е името на добротворната организација на Хадсон и неговиот албум, кој беше објавен минатата година. Неименуван извор за „Page Six“ изјавил дека Кајли била присутна на многу терапии на Хадсон и била свесна за посебните околности низ кои поминал за време на заздравувањето.

Кога на Хари му бил дијагностициран лимфом на Хочкин, пред три години, една од работите што навистина го погодила него и Кајли била неможноста да им се пружи поголема емоционална поддршка на тинејџерите при борбата со оваа болест. Тие сметале дека покрај третманот, важно е и просторот да биде уреден на таков начин што пациентите ќе се чувствуваат удобно.

Хадсон истакнал дека ова е првиот од многуте простори за млади болни од рак кои планира да ги отвори во болниците низ САД.

„Со помош на „Teen Cancer America“, успеавме да го отвориме првиот дел од болницата за тинејџери. Среќен сум што имам можност да го продолжам партнерството со Детската болница во Вандербилт“, изјавил тој.

Минатата година Џенер донираше милион долари на д-р Таис Алиабади за да и помогне во акцијата за купување стотици илјади маски и друга заштитна медицинска опрема што беше неопходна за борбата против пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот