Кајакарите Лазаров и Гугинов со прво и второ место на Европскиот куп во Бања Лука

фото: facebook.com/ljubomir.spasik

Во рамките од петтото коло во Европскиот куп во кајак спуст на реката Врбас во Бања Лука, Босна и Херцеговина, нов голем успех остварија македонските натпреварувачи.

Нашата земја ја претставуваа четворица кајакари кои се членови на Кајај Кану Клуб Арка-Борец Велес: Кристијан Лазаров, Благој Гугинов, Ангел Бонџов и Љубомир Спасиќ.

Кај јуниорите првото место го освои Лазаров, на втората позиција се најде Гугинов, а на 14 место заврши Бонџов.

Во генералниот пласман Лазаров е на првото, а Гугинов на второто место.

Во сениорска конкуренција Спасиќ го освои осмото место, но тој и натаму е првопласиран во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот