Кај затвореници во штипскиот затвор се најдени дрога, мобилни, ножеви и пари

Затвор илустрација / Фото Архива

Денеска беше спроведена координирана акција во К.П.Д. „Штип“. Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО.

При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23.500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи.

„Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба, ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави“ велат од Правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот