Кај Западниот ѕид во Ерусалим пронајден комплекс стар 2.000 години (ФОТО)

Во комплексот се пронајдени неколку предмети како кујнски прибор, остаток од маслени лампи и делови од камена чинија која се користела во еврејските ритуали.

Подземен комплекс издлабен во карпа пред речиси 2.000 години е откриен близу Ѕидот на плачот во Ерусалим, објавија израелските археолози.

Комплексот се состои од неколку простории и отворен двор, а се верува дека го користеле жителите на Ерусалим пред Римјаните во 70. година по опсадата на градот да го уништат Вториот храм.

Ново значајно откритие на израелските археолози во близина на Западниот ѕид во Ерусалим Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Истражувачите ова откритие  го нарекоа „неверојатен пронајдок“ и додадоа дека се уште не се знае зошто служела таа градба која пред 1.400 години, во времето на Бизант, е покриена со друга зграда.

„Прашање е зошто толку труд и материјали се искористени за кршење и обликување на подземните простори во тврдата карпа?“ соопштија Барак Моникендам – Гивон и Техила Садиел, водач на ископувањето.

Прочитајте и...  Нови 173 случаи и 15 мртви од Ковид-19 во последните 24 часа во земјава

Во комплексот се пронајдени неколку предмети како кујнски прибор, остаток од маслени лампи и делови од камена чинија која се користела во еврејските ритуали.

Дел од предметите кои ги пронајдоа израелските археолози Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Западниот ѕид е еден од преостанатите ѕидови од уништениот Втор храм и се смета за најважно светилиште на јудаизмот.

Прочитај повеќе

Димитров: Врвна амбиција на ВМРО-ДПМНЕ е да избегне правда низ административните и судски лавиринти

Слободен печат

Парични казни за 24 бугарски парламентарци поради неносење заштитна маска

Слободен печат

Заев: Создадовме пријатели околу нас и отворивме перспективи за идните генерации (ВИДЕО)

Слободен печат

Мицкоски: Ќе ги провериме сите политичари да видиме кој безмилосно го крадел сопствениот народ (ВИДЕО)

Слободен печат

Трамп најави „грандиозен” огномент во чест на 4 јули, градоначалничката повика жителите да останат дома

Слободен печат

Силјаноска: СЈО се појави зошто не го биваше јавното обвинителство

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Вучиќ: Не го затвораме цел Белград, само ноќните клубови и рестораните од 23 до 6 часот наутро

Слободен печат

Битиќи: Можеме и знаеме, го штитиме секое работно место, ги покачуваме платите

Слободен печат

ОБСЕ: Медиумите се во опасност, план за силна економска поддршка е итно потребен

Слободен печат

Стерјовски: Тирана да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици

Слободен печат

Стојаноска: Да победи обновата, младите да останат во Републикава

Слободен печат

Виз Ер: Обновени рутите од и до нашата земја, достапни 34 дестинации

Слободен печат