Кај сплитската црква нападата и снимателката на Н1

Претходно пред оваа црква беше нападната новинарката на Далматински портал и скршен мобилниот телефон со кој таа вршеше директен пренос од велигденската миса иако во цела Хрватска се забранети секакви јавни собирања поради ширењето на коронавирусот.

Освен новинарката на Далматински портал, пред црквата во сплитската населба Сиробуја денеска е нападната и снимателката на на телевизијата Н1.

Инаку, во католичката црква на Сиробуја, сплитскиот градски котар, дојде до инцидент. И покрај предупредувањето од Сплитско – макарската надбискупија и прекршочната пријава од полицијата, во таа црква освен мисата на Цветници и денеска се одржа миса по повод празникот Велигден. Новинарите кои дојдоа пред црквата се нападнати.

„Нашата колешка беше изложена на бројни навреди не само од свештеникот Јосип Делаш, туку и од насобраните граѓани. Еден од нив, од својот автомобил и со очигледна намера, тргна и во физички напад на нашата снимкателка, што е документирано и забележано на снимките. Податоците за нападот и сите информации ги проследивме до Министерството за внатрешни работи. Изразуваме целосна солидарност со сите нападнати новинарки и новинари и ѝ даваме целосна заштита и помош на нашата снимателка“, објавија на порталот на телевизијата Н1.

Претходно пред оваа црква беше нападната новинарката на Далматински портал и скршен мобилниот телефон со кој таа вршеше директен пренос од велигденската миса иако во цела Хрватска се забранети секакви јавни собирања поради ширењето на коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот