Кај Рускоска на распит е судијката Димишкова која ја спомнуваа Боки 13 и Орце Камчев

Весна Димишкова, судијката која своевремено на СЈО му даде судска дозвола да влезе во просториите на УБК е повикана во Основното јавно обвинителство.

Нема информации за што е повикана судијката во Обвинителството. Неофицијално, таа е повикана за истрагата за случајот „Рекет“. Нејзиното име, како што е позанто од снимките кои италијанскиот весник „Ла Верита“ ги објави за аферата „Рекет“ беше спомнато од првообвинетиот во тој случај Бојан Јовановски.

Димишкова е судијката што на Катица Јанева ѝ даде наредба за влез во УБК и која ја потпиша наредбата за претрес во станот на сега покојниот Коста Крпач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот