Кај Радовиш откриено возило со 32 мигранти

Фото: Илустрација

На локалниот пат меѓу селата Калуѓерица и Подареш, Радовишко, синоќа околу 19.30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 мигранти, соопштија денеска од СВР Струмица.

Од пронајдените мигранти девет биле од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, еден од Индија и едно лице од Турција.

– Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба” во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија, се додава во соопштението на полицијата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Фото: Илустрација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот