Кај патарината Петровец возило удрило во дива свиња

фото: Слободен печат

Возило „фолксваген” со скопски регистарски таблички синоќа удрило во дива свиња која претрчала на автопатот Скопје – Велес,  после патарината Петровец.

Како што потврдија од МВР, незгодата се случила во 21:15 минути, а возачот и совозачот не се повредени. Поминале само со гребнатинки, но причинета е материјална штета на возилото.

Според портпаролот Ивица Илиевски, по укажаната медицинска помош возачот и совозачот биле пуштени на домашно лекување.

Поради дивата свиња, сообраќајот доцна синоќа одредено време бил во прекин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот