Кај осуденик во затвор откриени три најлонски паковки марихуана

Марихуана/Фото: EPA

33-гододишен осуденик во КПД-Штип е фатен како препродавал марихуана во затворот, информира МВР.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-Пријавениот како осуденик во КПД-Штип, во текот на јануари 2019 од непознато лице набавил марихуана, ја препакувал во помали најлонски паковки. На 07.05.2019 во затвореното одделение на КПД-Штип при претрес од страна на затворските чувари кај него биле пронајдени и одземени три најлонски паковки со марихуана, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот