Кај нас нема кампови за обука на терористи, уверува Пендаровкси

Фото: Слободен печат

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“ ги демантира австриските написи дека во Македонија има кампови за обучување на терористи. Тој вели дека напаѓачот од Виена, Кујтим Фејзулаи, кој по потекло е од тетовско село ретко доаѓал во земјава.

-Се работи за ноторна лага, за комплетна фабрикација. На територијата на С Македонија нема никакви кампови за тренинг и обука на терористи. Никакви и тоа го тврдам одговорно, бидејќи ги побарав и ги добив најновите извештаи и на службата за внатрешно и на службата за надворешно разузнавање- рече Пендаровски.

За да биде работата официјализира, додаде тој, издал налог до директорот на Агенцијата за разузнавање преку официјален допис до медиумот да го каже истото.

-Станува збор за една хајка во еден дел од австриската јавност, во насока дека Балканот е плодна почва за терористички работи и дека оттаму само лоши работи може да дојдат. Но, тој терорист е роден во Австрија и целокупното свое образование какво и да било е во таа држава. Овде има доаѓано одвреме навреме на кратки посети да си ги види пријателите и роднините. Последниот пат бил пред Нова година на 25 декември 2019 влегол на скопскиот аеродром, а на 1 јануари 2020 се има вратено и за тие куси престои тука нема никаков контакт со лица за кои претпоставуваме дека имаат намера или да се борат во Сирија или дека се вратени од таму- рече Пендаровски.

И премиерот Зоран Заев го коментираше крвавиот тетористички напад кој се случи во Виена, каде загинаа четири лица како и напаѓачот Кујтим Фејзулаи, кој е Албанец од Северна Македонија.

Заев: Ниту Македонија, ниту никој во Европа не е имун на проблемот со радикализација и тероризам

Австрискиот медиум ОЕ24, кој ги објави идентитетите на повеќето од  досегашните осомничени за терористичкиот напад во Виена предупредува дека мрежата е распространета низ цела Европа.

Осум од 15-те уапсени по терористичкиот напад во Виена веќе се осудени за разни кривични дела.

ФОТО: Ова се 15-те осомничени за терористичкиот напад во Виена, мрежата на ученикот на Неџад Балкан е откриена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот