Кај либискиот брег потона брод со 130 мигранти

Фото: Screenshot

Од 1 јануари во водите на Медитеранот, главно на пат од Либија и Тунис кон Европа, досега умреле повеќе од 450 мигранти.

Меѓународната невладина организација „СОС Медитеран” синоќа соопшти дека во морето во близина на либискиот брег потонал брод со 130 мигранти.

Организацијата изјави дека досега не пронашла преживеани и дека во морето во близина на бродот имало десетина тела кои плутале.

-Повеќе нема надеж за наоѓање преживеани, изјави неименувана француска новинарка која се наоѓа на бродот на добротворната организација „СОС Медитеран”.

Таа додава дека бродот се превртел претходната ноќ поради лошите временски услови.

Од 1 јануари во водите на Медитеранот, главно на пат од Либија и Тунис кон Европа, досега умреле повеќе од 450 мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот