Kај компаниите се уште е ниска свеста за енергетската ефикасност

Индустрискиот сектор во земјава од пред десетина години генерално ја намалува потрошувачката на енергија но, свеста за енергетската ефикасност е се уште ниска. Не е развиен ниту пазарот на услуги, а треба да се работи и на креирањето политики за поддршка на енергетската ефикасност, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.

Според новиот закон што се очекува да биде донесен наскоро, 250 компании ќе имаат обврска да воведат контрола врз својот производен процес од аспект на правилното трошење енергија. Ќе се обучат луѓе кои ќе ја контролираат потрошувачката, а кон тоа ќе се прилагоди менаџирањето на компанијата.

– Енергетската ефикасност не е на посакуваното ниво зашто и самата индустрија не е свесна за можностите и придобивките. Способноста на давателите на услуги, пак, е ограничена иако постои многу широк опсег на решенија кои може да се применат. Третиот предизвик се политиките за поддршка на енергетската ефикасност, истакна Марко Матеини, експерт од УНИДО (Програмата за енергетска ефикасност на ОН).

Прочитајте и...  Петар Богојески во Градски парк: Редно е да го смениме политичкиот систем, да падне овој естаблишмент

Според Панче Атанасовски од Агенцијата за енергетика, се уште се мали инвестициите за енергетска ефикаснот.

– Нашата економија се соочува со страотна конуренција на европскиот пазар. Затоа треба внимателно да се прават вложувањата, да не згасне бизнисот. Не смеете да оптоварите некого да го згасне бизнисот. Иницијаланото тркало е токму приходот во индустријата, рече Атанасовски.

Во земјава засега има 30 експерти за системи за управување со енергија и оптимизација на енергетски системи. Обучени се во рамки на проектот кој е дел од УНИДО и кој кај нас е активен од 2015 година. Со помош на проектот во 21 претпријатие се воведени системи за управување со енергија и се остварени заштеди од 58,1 гигават часови или 3,91 милион долари. Намалувањето, пак, на емисиите на стакленички гасови е скоро 50.000 тони.

Прочитајте и...  Франција не ја забранува целосно „Хуавеј" од 5G мрежата, но воведува ограничувања

На прес-конференцијата во Комората беше најавен промотивниот настан „Придобивки од спроведуањето енергетска ефиканост во индустриите во Република Северна Македонија”, што ќе се одржи на 21 ноември во Скопје.

Прочитај повеќе

Директорот на ФДА се сомнева во најавите на Трамп за вакцина против Ковид-19

Слободен печат

Нов пакет мерки вредни 1,5 милијарди долари за чилеанската средна класа поради Ковид-19

Слободен печат

Франција не ја забранува целосно „Хуавеј” од 5G мрежата, но воведува ограничувања

Слободен печат

ДУИ бара само премиер, Села албанска цела да е?!

Соња Христовска Угриновска

Поради голем број новозаразени со Ковид-19, одложено отворањето на Таџ Махал

Слободен печат

Хјустон и Остин бараат дозвола да наредат луѓето да останат дома поради Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Научници бараат од СЗО да ги промени препораките поради докази за воздушна трансмисија на Ковид-19

Слободен печат

Иранските власти тврдат дека изградиле подземни ракетни градови

Слободен печат

Заев порача дека заврши времето на груевизмот и национализмот, за Мицкоски овие избори се за обелување на образот на нашите предци

Слободен печат

Во континуитет висок број починати и новозаразени од Ковид-19 во земјава

Слободен печат

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со појава на град

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Слободен печат