Кај и да се, пратениците мора да се вратат ако притребаат за „Рекет“  

Претседателот на Собранието Талат Џафери не ги коментира како што вели шпекулациите за евентуална вмешаност на пратеници од владеачкото мнозинство во случајот „Рекет“, но ако е потребно да се одземе имунитет на пратеник собраниските тела ќе се состанат иако од први август почнува  годишниот одмор и Собранието не заседава.

-Собранието е во постојано заседание кај и да се пратениците треба да се знае дека се подготвени да се вратат. Но секако доколку има потреба јас треба да планирам со пратеничките групи кој пратеник кај ќе биде да знаеме во кој рок ќе може да се врати. Во секој случај и да се иницира постапка не може да се заврши за помалку од пет дена. Има доволно време да се собере Собранието – вели Џафери.

За да може на некој пратеник да му се одреди мерка притвор, Собранието прво мора да му го одземе пратеничкиот имунитет.  Во случајот „Рекет“, се шпекулира дека се вмешани и двајца пратеници од владеачкото мнозинство, со кои соработувам Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот