Кај хрватски производители на вино и со хрватски етикети откриено вино од С. Македонија

Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Р.Хрватска, во голема акција за сузбивање на трговијата со фалсификувана и недоволно квалитетна храна и пијалоци, откри вино од Северна Македонија, Италија и Чиле.

– Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020″ поддржана од 83 земји, хрватската инспекција изврши контрола на вкупно 275 субјекти на етикетирање на вино и силни алкохолни пијалоци, пласирани на пазарот, објави хрватскиот Државен инспекторат.

Како што е наведено, откриено е дека пет контролирани субјекти ја имаат злоупотребено употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Северна Македонија (едно вино), Италија (два вина) и Чиле (два вина).

Акцијата OPSON беше поддржана од Европската канцеларија за борба против измами (OЛАФ), Европската комисија и Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (EУИПО).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот