Кај Федерер ги истакнуваат само квалитетите, а кај Новак само маните

фото: твитер

Францускиот тенисер Жил Симон уште еднаш застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ.

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, откако беше откриено дека за време на „Адриа тур“ четворица тенисери беа позитивни на коронавирус, беше мета на критики како од јавноста така и од неговите колеги. Но, во последно време се повеќе се јавуваат тенисери кои застануваат во негова одбрана и8 еден од нив е францускиот тенисер Жил Симон.

– Се што се случи на „Адриа тур“ неговите противници го користат за да го казнат. Поради таа грешка сега е лесно да се каже дека повеќе не треба да се слуша Новак – вели Симон.

Французинот смета дека барањата на дел од тенисерите дека Новак треба да си поднесе оставка од функцијата претседателот на Советот на играчи, не се реални.

– Нема многу играчи кои се бореа повеќе од Новак за да се зголемат наградите на челенџерите и во квалификациите. Барајќи оставка од Новак од местото претседател на Советот на играчи, Ноа Рубин и слични како него си пукаат сами во ногата бидејќи токму Ѓоковиќ направи највеќе за нив и поради него се зголемени наградите.

Французинот кој е познат како тенисер без влакна на јазикот, смета дека вистинската причина за критиките кон Новак Ѓоковиќ е поинаква од таа што се прикажува во јавноста, односно „Адриа тур“.

– На сите им смета кога Новак ќе ги собори рекордите на Федерер. Јас на Ѓоковиќ гледам како човеч кој има и мани и квалитети, исто како и Рожер и Рафа. Но кога станува збор за Федерер постојано слушаме само убави зборови, односно само за неговите квалитети. Додека кај Новак се истакнуваат само маните – смета Симон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот