Кај Блаце уапсени лажни Израелци

Лажните Израелци и децата кој биле со нив се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, мигрaции, странци и реадмисија, за натамошна постапка.

Пет возрасни и две малолетни лица, сите од Турција, се приведени ноќеска во 1.50 часот зашто при контрола се претставиле како израелски државјани и приложиле израелски патни исправи. Лицата, како што соопшти МВР, се пресретнати на бензинска пумпа во близина на граничниот премин „Долно Блаце”. Станува збор за К.С. (20), К.С. (46), Ј.М.М. (42), Н.Т. (46) и А.С. (27). И тие и децата се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, мигрaции, странци и реадмисија, за натамошна постапка.

Полицијата информира и дека ноќеска од слобода е лишен Т.С. (68) од село Богородица откако во неговото возило се пронајдени две лица од Турција со фалсификувани влезни и излезни печати. Се работи за Е.К. (35) и А.И. (25) кои сториле кривично дело „фалсификување исправа”.

Според МВР, Т.С. ги превезувал Е.К. (35) и А.И. во патничко возило „мерцедес” со гевгелиски регистарски ознаки по автопатот А1 – клучка Миравци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот