Кај Австриецот што загина на патот Тетово-Попова Шапка била пронајдена торба со пари

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Кај осумдесетгодишниот Австриец кој пред неколку дена почина откако излета од патот Тетово-Попова Шапка била пронајдена торба со пари.

„На 7.4.2024 година околу 17:20 часот во СВР–Тетово, пријавено е дека на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка на влезот во Расадиште од Тетово, патничко возило „Сузуки“ со австриски регистарски ознаки, управувано од. Е.В. (80) од Виена – Република Австрија, излетал од патот. Од здобиените повреди возачот, кој бил сам во возилото, починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош е констатирана смрт, додека јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово извршиле увид на местото на настанот“, информираа од МВР.

Од тетовската противпожарна бригада велат дека покрај телото била пронајдена поголема сума на пари, кои биле предадени на полицијата.

„Тоа беше длабок пад на автомобилот околу 150 метри. Жртвата беше надвор од автомобилот, работите исто така биле расфрлани надвор. Има и слики и работи што ги документиравме, видовме пари околу колата како српски динари, евра и денари. Во торба, според она што ги виделе останатите пожарникари, имало поголема сума на пари што ги имала жртвата. Поголема сума на евра“, изјави Авни Амети, началник на ППБ – Тетово.

За случајот се известени и Одделот за меѓународна полициска соработка, Министерството за надворешни работи, Амбасадата на Австрија и Канцеларијата на Интерпол.

 

Загина Австриец откако излетал од патот Тетово-Попова Шапка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот