Каиседо преку Инстаграм побара Брајтон да го пушти во Арсенал

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Времињата во фудбалот се менуваат, па така денес фудбалерите често ги користат социјалните мрежи, сега фудбалерот на Брајтон Моисе Каиседо го искористи Инстаграм да направи притисок на својот клуб.

Имено, Каиседо одлично настапува за Брајтон од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на лидерот на табелата, Арсенал. Арсенал веќе испрати две понуди, но Брајтон двете ги одби порачувајќи дека сакаат 70 милиони евра за услугите на Каиседо.

Арсенал од друга страна сака да го доведе Каиседо на позајмица со опција за откуп на лето. Каиседо се огласи и го замоли Брајтон да му дозволи да направи трансфер.

„Јас сум горд што можам на Брајтон да им донесам рекордна трансфер сума, што ќе овозможи понатаможно вложување на клубот за да бидат уште поуспешни. Навивачите ме имаат во своето срце и тие секогаш ќе бидат кај мене во срцето, но сега се надевам дека разбираат за тоа дека сакам да ја искористам оваа голема прилика (трансфер во Арсенал)“, гласи пораката на фудбалерот.

Брајтон по оваа објава на Каиседо му порача да не се појавува на тренинзите до завршувањето на преодниот рок во вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот