Ќахил: Се надевам дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе соработува со турски инвеститори (ВИДЕО)

Јас долго време бев во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Во тоа време дигнитетот на Турците го подигнав до рамноправно ниво со останатите. Во време на ВМРО-ДПМНЕ Турците многу добија, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ г Аднан Ќахил.

-Бев дел и од владата на Зоран Заев и ако направам споредба со онаа на ВМРО-ДПМНЕ би рекол дека со оваа партија имавме многу подобра соработка. Решивме да се приклучиме во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ се со цел да можеме заеднички да го одиме патот кон НАТО и ЕУ, вели Ќахил.

-Добро е што сме членки на НАТО, но беше потребен исчекор како Преспанскиот договор. Но мора да кажам дека овој исчекор беше направен на начин кој само на Заев му е познат. Ние немавме општествен консензус. Практично беше направен еден исчекор напред, а два назад. Но времето ќе сведочи за исправноста на овој потег. Ние сме концентрирани на владеењето на правото и правдината и да бидеме еднакви пред законот, нешто што не е случај денес, изјави Ќахил.

-Потребата за соработката со Турција е неопходна. Но кога бев во владата на Заев донесов огромен број на инвестиции, но контактот со турската влада, може да проверите, замре. Од 12 големи фирми кои беа при крај да дојдат се откажаа и линкот со Турција на оваа влада апсолутно не постои, додаде Ќахил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот