Кафуле во Австрија служи само невакцинирани: Сопственичката го игнорира дури и апелот на градоначалникот

Фото: Unsplash

Во кафуле во австрискиот град Штробл на езерото Волфгангсеј во покраината Салцбург, колачи и кафе можат да добијат само лицата што не се вакцинирани против ковид-19, пренесува магазинот „Феникс магазин“.

На прашањата зошто вакцинираните луѓе не се добредојдени, сопственичката на кафулето не сака никому да одговори. Ниту на австриските медиуми, ниту на градоначалникот, општините, ниту на туристичките работници во Штробл, кои се дистанцирале од неа.

– Можеш само да се смееш, да го мислиш своето и да апелираш до гостите да не одат таму. Бидејќи тоа не одговара на нашите упатства,  рекол градоначалникот на Штробол, Јозеф Вајкингер, истакнувајќи дека не му се допаѓа однесувањето на неговата сограѓанка, но дека нејзината постапка „не е незаконска“.

Австријците веруваат дека пандемијата на коронавирусот остави траги во општеството што доведуваат до раскол и јаз.

Политикологот Рејнхард Хејниш смета дека таквото однесување е опасно бидејќи општеството и демократијата се состојат од согласност и легитимност.

– Тоа, се разбира, е огромна опасност бидејќи општеството и особено демократијата се состојат од согласност и легитимност. А, ако политичките одлуки веќе немаат легитимност, тогаш повеќе нема ниту демократија. И сѐ повеќе луѓе почнуваат да се одвојуваат од општеството, рекол политикологот Хејниш.

Австрискиот експерт смета дека случајот со кафулето за невакцинирани во Штробл е многу симптоматски за сѐ пораширената појава на дистанцирање на многу луѓе од класичниот општествено-политички и здравствен систем.

Тој појаснува дека колку што повеќе луѓето се одвојуваат од општеството, сѐ помалку одлуки ќе бидат во нивна смисла.

Силвија Траунвајзер, професорка по филозофија на правото на Универзитетот во Салцбург, смета дека ковид-пандемијата го разединува општеството и општествениот живот, влегува и во многу други пори на општествениот живот и може да предизвика конфликти помеѓу вработените во компаниите или во семејството, но и да доведе до распаѓање на пријателствата.

Во Австрија вакцинацијата против коронавирусот воведе раздор, како и во многу општества. Луѓето се поделени на вакцинирани и невакцинирани, а сѐ почестото спомнување на привилегиите за вакцинираните придонесува за екстремни однесувања.

 Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот