Кафу: Нејмар најдобар, дури ни Меси го нема тој квалитет!

фото: твитер

Легендарниот бразилски фудбалер Кафу смета дека во овој момент не постои подобар играч од Нејмар.

Од преселбата од Барселона во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, Нејмар е убедливо најскап фудбалер на денешницата, а Кафу верува дека неговиот сонародник е на врвот и кога техничките квалитети се во прашање.

Легендарниот бразилски фудбалер Кафу смета дека во овој момент не постои подобар играч од Нејмар.

– Денес се игра технички фудбал, а од тој аспект, не постои играч кој може да го надмине Нејмар, дури ниту моментно најдобриот на светот, Меси. Нејмар е играч кој е повикан да направи разлика во бразилскиот фудбал – рече поранешниот одбранбен играч на Милан и Рома.

Воедно Кафу го истакнува начинот на кој противниците го чуваат напаѓачот на париските „светци“.

– Нејмар мора да ја преземе таа одговорност. Со него на теренот имате осум противнички играчи кои го бркаат. Значи, тој отвора простор и веднаш доаѓа во можност да постигнува голови – додаде Бразилецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот