Кафеаните поскапеле 17% во споредба со лани, пресметала државната статистика

Цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани, се зголемени за 17.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика во последниот извештај.

Кумулативно, во периодот јануари-ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021 година, цените се повисоки за 11.9%.

Во ноември годинава, пак, во споредба со претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени минимално, за 0.1 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.1 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.1 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот