„Кафе и торта“ ден во „Лајка“ по повод Светскиот ден на животните

ЈП „Лајка“
Фото: Фејсбук, ЈП „Лајка“

По повод 4 Октомври, Светскиот ден на животните, прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ги поканува љубителите на кучиња на отворен „Кафе и торта“ ден од 11 до 15 часот.

– Овој ден да им посветиме особено внимание на бездомните кучиња згрижени во нашето прифатилиште. Сите што ќе дојдат ќе имаат можност да се едуцираат од нашиот ветеринарен тим, да ги прошетаат кучињата кои се подготвени за вдомување, да излезат на терен со нашиот заловувачки тим и одблиску да се запознаат со нашата работа или да помогнат при капење и чешлање на кучињата, велат од „Лајка“.

Според „Лајка”, преку зголемување на јавната свест и едукација, целта е да се изгради култура за хуман третман и вдомување бездомните кучиња.

– Со нашите заложби за правни реформи и социјален напредок да го направиме нашиот град прекрасно место за сите живи суштества. Секој од нас може да направи разлика, а заедно да направиме промена, наведуваат од „Лајка“.

Одбележувањето на Светскиот ден на животните ги обединува движењата за благосостојба на животните во глобална смисла, за да го направи светот подобро место за сите животни.

Извор: МИА

„Највисок акт на хуманост“: „Лајка“ вдоми кучиња во Германија, Белгија и Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот