КАФЕ БАР ЧЕ, општествено одговрен угостителски објект во центарот на Скопје

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од првите угостителски објекти кои се приклучија на иницијативата е едно многу познато и уникатно место за пијалок, култниот скопски кафе-бар „Че“, а во продолжение ќе дознаете зошто „Че“ е омилено место на многу генерации.

На кафе и далеку прочуениот француски кроасан во „Че“

ЧЕ – место кое вибрира топлина и автентичност

Нема кој не слушнал или не го посетил кафе бар „Че“, опишан како буквален колаж од различни ретро елементи, совршено вклопени во многу уникатен ентериер. Веднаш штом влезете, во вас се буди искрено и топло, носталгично чувство, правејќи го местото удобно и релаксирано со атмосфера на која постојано сакате да се навратите.

Ретро елементите – автентични за „Че“

На следната фотографија споделуваме како изгледа „Че“ пред да ги отвори вратите за своите гости, затоа што штом ги отвори, речиси никогаш нема да начекате празни маси – напротив, професионалниот тим и услуга, пријателската атмосфера и насмеаните лица се причината зошто секогаш е „полно“ во „Че“.

„Че“ пред да ги отвори вратите за своите гости
На пијалок во „Че“

Многу културни и забавни настани организирани од  „Че“ го прават ова место општествено одговорен угостителски објект, но можеби најмногу ни се допаѓа фактот што овде се поддржува македонската уметничка сцена. Преку редовно отстапување на своите ѕидови на локални уметници, во „Че“ секогаш се достапни уметнички дела кои за соодветен надомест ќе можете да си ги однесете со вас и да го разубават и вашиот простор.

Уметност во „Че“

Објектот е надополнет и со други кул елементи, има многу симпатичен кауч и неколку фотељи кои преку ден го прават местото погодно за опуштена средба, но и за соло посета, па додека уживате во пијалокот, можете и да работите, читате или едноставно да уживате во фините вибрации.

Атмосфера на која постојано сакате да се навратите

Во „Че“ внимаваат на сите детали и се издвојуваат од секојдневните модерни фазони на угостителските објекти. Кај нив ќе слушнете блуз, рок и фанки музика, а неретко гостуваат и локални музички артисти, па „Че“ е докажан домаќин на едни од најзабавните културни настани во градот.

Грувот е сеприсутен во „Че“

Ја издвојуваме годинашната целодневна новогодишна забава во „Че“ која буквално ги сруши сите рекорди на посетеност, како и нивната новогодишна декорација која беше документирана на многу профили на социјалните медиуми.

Новогодишна забава во „Че“
Новогодишната „буба“ на „Че“

Во претпладневните часови „Че“ е вашиот нетипичен објект за италијанско кафе, цеден микс и кроасан, а во попладневните часови е место за разновидно пиво, пијалок во добро друштво и ретро атмосфера.

Опуштена попладневна атмосфера
Разладување со добар пијалок, друштво и фантастична музика во „Че“

Го истакнуваме нивниот цеден микс со портокал, цвекло, ѓумбир и морков, како и одличниот коктел Пелигрони како нешта што треба да ги вкусите кога сте во „Че“.

Време за уживање со добар пијалок во „Че“
Мени кое нуди фантастичен избор на добри (без)алкохолни пијалоци
На пиво во „Че“

Како главна мисија, во „Че“ би сакале да го задржат духот на поедноставните времиња, кои имале јасна визија за вистинска социјализација, уживање во друштво, музика и топла атмосфера. Потврдуваме дека се на вистинскиот пат и нескромно тврдиме дека „Че“ е едно од најкултните скопски локации со карактер!

„Че“ има неверојатна моќ да се трансформира од кафе бар во едно од најзабавните места со разновидна, културна програма во градот

П.С. Викендов „Че“ прославува девет години постоење со добра музика, храна и пијалоци, а поканата за роденденот гласи вака:

Наш сладок потсетник за сите спомени, случки, хаоси, настани, колку пати нѐ мавнало струја од самостојни хаусмајсторски зафати, трансформации на просторот, број на проблеми со комшии, оставени чаши на ѕидче, и уште многууууу 🙂
Ја продолжуваме нашата уникатна приказна, а вас ве чекаме на живели од 11.00 па натаму!!!

ЛОКАЦИЈА: Костурски Херои број 15, локал 1, Центар (спроти Универзална Сала)
РАБОТНО ВРЕМЕ: од понеделник до четврток 08:00 – 00:00 / петок и сабота 08:00 – 01:00 / недела 08:00 – 00:00

СЕ ЧИТАМЕ ВО ЧЕ!

Тука се чита весникот Слободен печат: МАПА на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот