Каевски: Постојано сме во контакт со институциите за отпочнување на спортовите

Фото: МИА

Директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска изврши увид во градежните активности за изградба на пливачкиот базен во општина Тетово.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски постојано контактира со повисоките институции за координација за враќање на спортот во нашата земја.

Постојано со сите национални институции сме во контакт околу отпочнување на индивидуалните спортови, како и тренажен процес во колективните спортови. Примерите на одредени држави ни даваат примери и практики како да размислуваме спортот да започне да функционира, но најважно е здравјето –  рече Каевски.

Денеска во Тетово заедно со заменик-директорот, Измит Нура извршија увид во градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во општина Тетово, дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени”.

Базенот во Тетово, започна да се гради на 9 февруари, а според Каевски добро се одвива динамиката на изградба на објектот. Предвидениот рок за завршување на изградбата е септември 2021 година, но со забрзано темпо можно е истата да заврши на почетокот на следната година.

Според Каевски овој пливачки базен ќе биде во таа насока  да се подигне стандардот и младите што повеќе да се занимаваат со спорт.

Базенот треба да им помогне на граѓаните преку спортување да го одржуваат здравјето. Да се отстранат деформитетите и лошите влијанија што постојат врз младите, за водење на здрав живот.

Сè со цел да се подигне спортската инфраструктура и така се влијае на развивање на нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот