Каевски: Не се во прашање меѓуетнички тензии, граѓаните да не подлегнуваат на политичкото крваво сценарио,

Дарко Каевски
Дарко Каевски / Утрински брифинг

„Мицкоски не е никаква жртва, туку режисер на крваво сценарио. Крваво сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, крваво сценарио кое не успеа’, рече на вечерашната прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој додаде дека Мицкоски не бил вечерва мета, туку, како што вели, „ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните”.

„Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција. Ова е човекот за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач. Цуфи Кока. Погледнете за кого станува збор, веќе МВР го приведе ова лице. Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена” – Скопје,’ вели Каевски.

Тој посочи оти станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијанса за Албанците во Чаир и „главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска”.

„ВМРО ДПМНЕ не се менува, Микоски не се менува. Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое вечерва не успеа. Воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Е тоа нема да го дозволиме. Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано. Граѓаните никако да не подлегнувааат, апелираме на смиреност, а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот. Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени“, рече Каевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот