Каевски: Мицкоски се согласува да има уставни измени, a ние ги прифативме сите негови барања

Фото: СДСМ

Дарко Каевски кој во Општина Центар беше дел од карванот „Рамо до рамо до победа“ рече дека Христијан Мицкоски го променил ставот и сега се согласува да има уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе влезе во Уставот.

„Христијан Мицкоски де факто го промени ставот и сега се согласува да има уставни измени со кои дел од бугарскиот народ ќе влезе во Уставот. Ние ги прифативме сите негови барања и тоа е добра основа за продолжување на дијалогот, и покрај тоа што сега од ДПМНЕ едно нервозно и недоследно однесување. Ние немаме намера да влегуваме во објаснување на изјавите на Мицкоски кои јавно ги кажа по лидерската средба, туку овој период ќе го искористиме за да го заокружиме процесот и потребните измени да бидат донесени, порача пратеникот и портпарол Дарко Каевски во Центар.

Инаку по средбата на претседателите на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ попладнево ДУИ одлучи да го свика највисокото партиско тело Централното претседателство во седиштето во Мала Речица.

Пред да започне денешната седница, партискиот портпарол Бујар Османи, истакна дека состанокот е закажан поради новите политичките случувања, а ќе се разговара, односно ќе се анализира средбата што се одржа во средата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

ВО ЖИВО: Изјави на Ковачевски и Мицкоски по средбата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот