Кадрија: Албанската бизнис заедница ќе има корист од четвртиот пакет економски мерки

Владата состави многу ефикасна четврта група мерки со вкупна вредност од 400 милиони евра за поддршка на мали и средни бизниси и за заштита на работните места на граѓаните. Ова денеска на прес-конференција соопшти Бајрам Кадрија во име на пратеничката група на ДУИ.

Тој посочи дека албанската бизнис заедница, која се состои главно од мали и средни бизниси, и затоа ќе има корист од овој четврт пакет економски мерки.

-Нашиот кадар во Владата ги стави на располагање сите професионални познавања во областа на економијата и финансиите во изготвување на овие мерки. Исто така имаше и постојана комуникација со бизнис заедницата во нашата земја за да се запознаат со сите нивни прашања и потреби со цел Владата да усвои стратешки план кој ќе поддржи економијата и граѓаните, рече Кадрија во Собранието.

Со овој четврт пакет економски мерки, како што рече, Владата претстави многу ефикасен план и докажа дека е посветена и способна да ја води нашата земја во време на криза и да обезбеди социоекономски напредок, дури и во најтешката економска криза со која се бори целиот свет. Според него, овие мерки се избалансирани и прилагодени за да им помогнат на оние кои имаат најмногу потреба, малите и средните бизниси и граѓаните. Додаде дека Владата ја оправда довербата на гласачите и на Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот