Кадри Весели му сврте грб на Рамуш Харадинај

Инфокус

Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Кадри Весели, ја коментираше поканата на косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, за средба меѓу владејачките партнери, пишува Инсајдери.

Весели на состанокот на Управниот совет на ДПК изјави дека „премиерот во заминување е премиер во заминување”, што подразбира дека нема да одговори на поканата на Харадинај.

Оставката на Харадинај, Весели ја нарече лична желба, како и тоа дека политичките партии не треба да даваат изјави, туку да донесуваат одлуки за распуштање на Собранието.

– Ние ќе одиме во изборен процес. Граѓаните се оние кои му даваат на некого мандат за владеење. Од овој изборен процес ќе имаме убедлив резултат за ДПК. Косово има институции, нема потреба да се создава забуна. Изборите се неизбежни – додаде Весели.

Тој исто така истакна дека Демократската партија на Косово е подготвена да оди на избори и дека Собранието треба да се распушти. Инаку денеска косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, упати покана до владините партнери за средба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот