Кадри на ВМРО-ДПМНЕ, нотар и бизнисмен уапсени во акцијата на МВР

Фото: Архива

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Митревски актуелен претседател на Општинскиот Комитет во Аеродром, дознава „Слободен печат“. Меѓу уапсените се и вработен во државното правобранителство, петмина вработени во Министерството за транспорт и врски, нотар, вработени во Катастар и еден бизнисмен се апсени утринава од МВР, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Тие се уапсени за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањата и за несовесно работење во службата. Според истражителите тие сториле незаконски акти при продажба на државно земјиште кое Министерството за транспорт и врски го дало на лица кои не ги исполнувале условите.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес“ известија денес од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот