Кадиров тврди дека добил зелено светло за нова офанзива во Доњецк

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, објави дека му е наредено да ги прераспореди своите сили во Народната Република Доњецк (ДНР) во источна Украина.
„Пријатели, чеченските единици добија нова наредба да ги прераспределат своите сили. Територијата на Народна Република Доњецк станува зона на одговорност“, напиша Кадиров. „Според наредбата, борците на чеченските единици мора да започнат активни борбени операции и да ослободат голем број населени места. Борбените единици се подготвуваат за јуришни активности со активна поддршка на Министерството за одбрана и Генералштабот на руските вооружени сили “, објави тој.
Кадиров рече дека другите единици на неговиот баталјон Ахмат, лоцирани на „алтернативните делови од контактната линија меѓу регионите Запорожје и Херсон“, добиле „слични наредби да ја започнат офанзивата“.
„Неопходно е да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства за да се исчисти целата терористичка ќелија. Наместо да се користат термините украинска армија и украински политичари, треба да ги нарекуваме со нивното вистинско име – терористи“, напиша Кадиров. .