Кадиров со порака до Украинците: Господа, не ви треба потерница, доаѓам по вас

Рамзан Кадиров
Рамзан Кадиров / Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров синоќа му порача на Киев дека нема потреба да го ставаат на списокот на барани лица и да распишуваат потерница, нагласувајќи дека ќе сам ќе дошол.

„Господа од СБУ, одредете го местото и времето, ќе дојдам. Ќе дојдам по вас и ќе ве казнам за сите ваши злосторства”, се закани Кадиров преку видео објавено на Телеграм.

Тој додаде дека веќе неколку пати бил во Украина.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) распиша потерница за Кадиров заради „водење агресивна војна или агресивна воена акција”, за што е предвидена затворска казна од 10 до 15 години.

Кадиров на веб-страницата на украинското министерство е наведен како „лице што се крие од истражните органи”, а објавена е и негова фотографија, пишува руската новинска агенција ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот