Кадетките обезбедија финале на ЕХФ шампионатот во Клаипеда

Кадетките се враќаат со трофејот од Клаипеда/Фото: facebook.com/rfmofficial

Македонската кадетска женска ракометна репрезентација се пласираше во финалето на EHF W17 шампионатот кој се одржува во Клаипеда, Литванија.

Денеска во полуфиналниот натпревар нашите ракометни надежи славеа против селекцијата на Полска со 25:22.

Полска го контролираше резултатот во првото полувреме, во 20 минута имаше и највисоки „плус четири“ (10:6). Следуваше серија на македонските ракометарки од 5:1 за нерешени 11:11. Во вториот дел повторно ривалот се одвои на нешто повисока разлика, „плус три“ (15:12).

Но, не се предававме, возвративме со низа погодоци за 15:15, а пресвртот се случи на 10 минути до крајот на средбата кога поведовме со 19:17.

Предноста ја задржавме до последната минута, при 20:18 два гола по ред реализираше Младеновска, а Коцева ја затресе противничката мрежа за 24:20 по што сите дилеми околу победникот беа решени.

Прв стрелец во нашите редови беше И. Младеновска со 12 голови, а шест помалку запиша Е. Ризоска. Противник нашите ракометарки во финалето ќе биде репрезентацијата на Исланд која претходно 32:31 беше подобра од Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот