Кадетките ја декласираа Турција на ЕХФ шампионатот

vardarfans.mk

Кадетките в недела за петтата позиција ќе играат против Белорусија која претходно со 37:24 славеше над Израел.

На ЕХФ шампионатот во Италија денеска се сретнаа против Турција во разигрувањето за пласман од 5-8 место. Рамноправна битка се водеше се до 20:18 при наше водство, а потоа Македонија влезе во серија погодоци.

Најпрвин Коларовска реализираше во турската мрежа, потоа Трајкоска запиша две важни одбрани. Метковска со две брзи контри напади донесе за првпат седум позитива на мечот (26:19) после серијата од 5:1.

Сè беше решено на 10 минути до крајот на дуелот откако Коларовска прифати една одбиена топка по шутот на Ѓорѓиевска и стрелаше за 30:23. Доминиравме и потоа победата си дојде со високи 11 голови разлика, односно 36:25. Пикерот Катерина Дамјановска е избрана за МВП на овој дуел.

Кај стрелците најефикасна беше Јанкуловска со седум погодоци, еден помалку запиша Седлоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот