Кадетките без полуфинале на ЕХФ шампионатот во Италија

vardarfans.mk

Кадетките претходно имаа две победи над Белорусија и Азербејџан, а денеска го претрпеа и вториот пораз на шампионатот, после оној стартниот од домаќинот Италија.

Во последното четврто коло од групата Б загубија избраничките на селекторот Симе Симовски од пресилната Полска со 34:20.

Ривалот отвори со гол на почетокот, ние вративме со иста мерка преку Ѓорѓиевска која доби одлична асистенција од Дамјановска. Ривалот успеа да врзе два гола и се одлепи на 3:1, по една интервенција на Грујовска награди Седлоска со гол за 3:2. Противникот се врати на два предност поведувајќи со 4:2, а потоа ги имавме нашите минути. Во игра клупата ја уфрли борбената Коларовска која играше како најистурена при дефанзива каде користевме формација 5-1.

Таа внесе храброст во играта и во напад против корпулентниот ривал. Испрати до колешките Коларовска две асистенции и доби пенал кој го претвори во гол Седлоска за наше водство од 6:5 во 11.минута. Оттука натаму следуваше голем пад на концентрацијата, нашите ракометарки едноставно не можеа „да се пронајдат“ во делот на нападот и одбраната. Полската селекција сето тоа го користеше и замина на одмор со резултат 16:8.

Во вториот дел ништо не се промени, само се зголемуваше негативата, со овој пораз Македонија и на крајот останавме без полуфинале на ЕХФ шампионатот. Капитенот Сара Миновска која имаше четири голови после дуелот го доби признанието за највреден играч (МВП).

Останува сега само разигрувањето за пласман од 5-8 место, а прв ривал в сабота ќе биде Турција од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот