Кадетите преку Полска во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Скопје

Кадетите во финалето ќе играат со Полска/Фото: facebook.com/rfmofficial

Во својот втор натпревар на ЕХФ шампионатот во Скопје за играчи до 19 години македонската репрезентација денеска триумфираше над Полска со 30:25.

Играчите предводени од селекторот Кирил Лазаров беа свесни дека после изненадувачкиот пораз на стартот од Грција 30:26 против Полјаците мораа да одат на победа.

Тоа и го остварија, нашата селекција ќе игра во полуфиналето на ЕХФ шампионатот каде што ќе играат против првопласираната од групата „Б2“, Швајцарија или Босна и Херцеговина.

Најефикасен во нашите редови во денешниот триумф беше М. Митев со седум голови, по четири имаа А. Петковски и П. Атанасијевиќ.

Во конечната табела во групата „Б1“ сите три репрезентации имаа два бодови, Полска ја освои првата позиција со најдобра гол-разлика, пред второпласираната Македонија и Грција на третото место.

Во другата „Б2“ група на едно коло пред крајот Швајцарија и Босна и Херцеговина имаат по четири бодови, ниту еден Грузија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот