Кадетите ги дознаа ривалите на Светското првенство (ФОТО)

Фото: РФМ

Извлекувањето на групите за Мундијалот беше одржано во канцелариите на ИХФ во Базел, Швајцарија.

Вкупно 24 репрезентации ќе учествуваат на осмото кадетско Светско првенство, а нашата селекција пред ждрепката се наоѓаше во третиот шешир со Словенија, Унгарија и Србија.

На ждрепката учествуваа претседателот на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов и селекторот на сениорската репрезентација, Данило Брестовац.

Принтскрин – IHF

Нашите ракометни надежи ќе играат во групата Ц каде што и посакуваа против Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.

Се најавува Мундијалот да се организира во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ и ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“.

Светско ракометно првенство 2019 (кадети):

Група А – Хрватска, Шпанија, Словенија, Норвешка, Чиле, Саудиска Арабија

Група Б – Шведска, Франција, Унгарија, Египет, Тајпеј, Канада

Група Ц – Данска, Бахреин, Македонија, Јапонија, Аргентина, Нигерија

Група Д – Исланд, Германија, Србија, Тунис, Бразил, Португалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот