Каде завршија парите: Несекојдневен потег на Гатузо!

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Гатузо одлучи после една и пол година да се раздели со Милан, веднаш го напушти клубот, а потоа направи еден несекојдневен потег.

Поради раскинот на договорот со тимот од „Сан Сиро“, требаше да ги добие парите, но истите изненадувачки ги одби.

– Се откажувам од двегодишниот договор со Милан. Мојата приказна со овој клуб никогаш не била поврзана со парите, а тоа нема да биде случај ниту во иднина – рече Гатузо после неговото заминување.

Сумата која што требаше да ја добие изнесуваше пет милиони евра, а овие пари на крајот ќе завршат во рацете на неговите помошници и луѓето со кои соработуваше во клубот.

Наскоро ќе се дознае името на новиот тренер на „росонерите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот