Каде во куќата има најмногу бактерии?

profimedia

Ако сте се прашале што е највалкано во куќата, еве ви го одговорот!

„Многу луѓе мислат дека површините како WC школката е највалкани, но всушност многу поопасни се други површини, како прекидачот за светло и далечинското“, вели научникот Карен Холиман.

Но тоа што е најнепријатно е дека некои од највалканите површини всушност се во кујната.

Истражувањето на глобалната организација за здравје и безбедност NSF International го потврдува тоа. Научниците тестираа 30 површини во 22 куќи за да го измерат нивото на влага, мувла, салмонела. Ешерихија коли и стафилококата биле најчесто застапени, а еве на кои површини ги имало највеќе нив и други бактерии:

– сунѓерот и крпата за садови
– садоперот
– држачот на четкицата за заби
– садот за храна за домашните миленици
– апаратите за кафе
– славините во бањата
– играчките за домашни миленици
– работната површина во кујната
– копчето за вклучување на рерната
– даската за сецкање на храната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот