Каде треба да гласате- Проверете дали е променето избирачкото место

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

Поради ситуацијата со корона вирусот, дел од избирачките места кои не ги задоволуваат здравствените протоколи се променети.

Во пресрет на испочитување на препораките од здравствените власти за гласање во услови на присуство на ковид-19, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека се обезбедени алтернативни адекватни простории што имаат доволна квадратура и можност за проветрување за да се одржи изборниот процес.

Во училиштата каде што ќе се гласа, обезбедени се доволен број на училници, додека во некои општини се обезбедени и спортските сали за да се одржи гласањето. Во мал дел од руралните средини каде што има мал број на гласачи ќе се закупат и приватни објекти за да се одржи гласањето.

На овој ЛИНК може да го проверите избирачкото место каде што може да гласате.

Извор: Мета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот