КАДЕ СЕ ТУРИСТИТЕ: Бугарските плажи зјаат празни, за 5 евра лежалка и само вода (ВИДЕО)

Бугарските туристички работници се жалат на лошата туристичка сезона. Причина за тоа е што закупците на плажите наплаќаат 10 лева за изнајмување лежалка, па затоа плажите зјаат празни. За 5 евра туристите  добиваат само шишенце минерална вода.

Празните лежалки говорат за тоа дека годинава е драстично намален бројот на туристи, а особено е алармантна состојбата во Албена и Сончев брег.

Ако одите на одмор во Бугарија, треба да внимавате каква храна ќе понесете, бидејќи цариниците нема да ви прогледаат низ прсти ако најдат во возилото месо и млечни производи. Таму не можете да одите на патлиџан-туризам. Во Бугарија смеете да понесете литар жесток алкохол, но со максимум 22 отсто алкохол, 4 литри вино или 16 пива. Можете да внесете 200 цигари, односно една штека. Од храна, смеете да понесете два килограми храна за деца, 2 килограми риба, но воопшто месо и млеко и млечни производи.

https://www.facebook.com/watch/?v=532398680632111

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот