КАДЕ СЕ ТУРИСТИТЕ: Бугарските плажи зјаат празни, за 5 евра лежалка и само вода (ВИДЕО)
Бугарските туристички работници се жалат на лошата туристичка сезона. Причина за тоа е што закупците на плажите наплаќаат 10 лева за изнајмување лежалка, па затоа плажите зјаат празни. За 5 евра туристите добиваат само шишенце минерална вода.
Празните лежалки говорат за тоа дека годинава е драстично намален бројот на туристи, а особено е алармантна состојбата во Албена и Сончев брег.
Ако одите на одмор во Бугарија, треба да внимавате каква храна ќе понесете, бидејќи цариниците нема да ви прогледаат низ прсти ако најдат во возилото месо и млечни производи. Таму не можете да одите на патлиџан-туризам. Во Бугарија смеете да понесете литар жесток алкохол, но со максимум 22 отсто алкохол, 4 литри вино или 16 пива. Можете да внесете 200 цигари, односно една штека. Од храна, смеете да понесете два килограми храна за деца, 2 килограми риба, но воопшто месо и млеко и млечни производи.
https://www.facebook.com/watch/?v=532398680632111