Каде се ОН? Светските организации ги нема кога се најпотребни, земјите сами се борат против кризата

Фото: Профимедиа

Пандемијата на коронавирусот беше моментот кога требаше да се преземе акција на глобално ниво, но место тоа, Обединетите нации се исполнети со несогласувања и недоверба, а земјите сами се борат против кризата.

Пројдоа три месеци, бројот на починати премина 87.000, случаи на заболени се регистрирани во повеќе од 180 земји, а Советот за безбедност на ОН конечно го закажал состанокот за коронавирусот.

Меѓутоа, станува збор за виртуелна седница за која нема да има никакви резултати или акции.

Денешниот состанок додатно ќе укаже на се поголемата нерелевантност на ОН како место за смирување на конфликти помеѓу држави и соработка во заеднички кризи.

Како што пишува „Политико“, глобалната координација како одговор на пандемијата би била минимална, но водечките земји искажале волја да направат се што можат во борбата против вирусот и се свртриле кон форумите како Г20, а не кон сеопфатното тело како ОН

Денешната седница на СБ на ОН ќе биде одржана на барање на помалите членки, чија резолуција на Генералното Собрание е усвоена недомна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот