„Каде се мама и тато?“: Момчето кое го преживеа падот на жичарницата во Италија се разбуди од кома

Петгодишниот Еитан Биран, за чудо, ја преживеа трагедијата во Италија, каде при пад од жичарница загинаа неговите родители, помладиот брат, прабабата и прадедото.

Храброто момче е на одделот за интензивна нега цела недела, но веќе дише без помош на апарат, иако има потешкотии во зборувањето.

Кога се разбудил во детската болница Регина Маргерита, покрај него била неговата тетка Аја (41). Прво рекол дека има болки во грлото, а потоа ја прашал каде е и зошто е таа до него.

Не е познато дали веќе му е откриено дека неговата мајка Тал (26) и неговиот татко Амит (30), како и двегодишниот брат Том, прадедото Јицак Коен (81) и прабабата Барбара Конински (71) ги нема повеќе.

Имено, истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека директорите се јавиле во компанијата што требало да го поправи дефектот на безбедносната сопирачка. Дефектот, сепак, не бил отстранет, а кабината е оставена да функционира со надеж дека главниот, потпорен кабел нема да пукне и дека нема да има потреба од безбедносна сопирачка.

По 12-часовно испрашување, уапсен е сопственикот на компанијата што управувала со жичарницата, како и извршниот и техничкиот директор.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот