14 C
Скопје

Каде се криел Мијалков и кој му јави за претресот?

Среќен крај на државните власти им приреди поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, по кого цела држава 24 часа трагаше за да го најде, а тој, како што самиот изјави, кога слушнал дека го бараат, од дома веднаш отишол во Кривичниот суд во Скопје и сам се пријавил докажувајќи дека не е во бегство.

МВР тврдеше дека на двете домашни адреси го барала Мијалков, но не го нашла. Ако Мијалков навистина бил дома, а полицијата не го нашла, се наметнува прашањето дали полицајците навистина извршиле претрес или ексдиректорот на УБК има не две, туку три локации што ги нарекува „дома“.

По бурните 48 часа во Македонија и мистеријата каде е Мијалков, сега тој е во куќен притвор во својот стан во елитната скопска населба Водно. Тој на рака ќе мора постојано да носи и алка за електронски мониторинг, кој ќе го спроведува полицијата.

Пред обвинителството тој вчера изјави дека не избегал, туку бил во изолација затоа што имал висока температура и симптоми на коронавирус и им се извини на граѓаните, на премиерот, на Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Прочитајте и...  Сите фирми не може да земат помош за плати: Еве кои можат

Премиерот Зоран Заев веднаш свика прес-конференција и изрази задоволство од појавувањето на Мијалков и тоа го нарече успех на акцијата што тој самиот ја предводел.

– Сашо Мијалков немаше друг избор и го направи она што му беше неизбежна опција. За овој значаен успех дадоа придонес надлежните институции, Обвинителството и судот и успеавме да го најдеме за 40 часа – изјави Заев. Тој додаде дека нема да има никаков компромис со никого за правдата и дека тој што згрешил пред законите ќе одговара.

– Правдата е обезбедена, и ќе ја има и повеќе и почесто. И ќе следува ваков одговор на институциите секогаш кога некој ќе сака да си игра со правдата. Во изминатите 40 часа институциите на Владата предводени од мене, во координација со правосудните органи, спроведовме акција со детални постапки. Беа преземени сите редовни и вонредни мерки. Со акцијата јас координирав и можам да објавам дека Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција. Се пријави во Обвинителството за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор – рече Заев.

Прочитајте и...  Митов од ГЕРБ ќе го добие мандатот кој ќе му го врачи Радев

Тој откри дека бил направен притисок врз неговите блиски, со оглед на тоа што помагањето во кривичното дело бегство се казнува со закон и дека токму поради тоа поранешниот шеф на УБК бил принуден сам да се пријави.

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за емисијата „Утрински брифинг“ рече дека Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена. Тој цело време бил во Скопје, а се презеле низа опсежни мерки за негово пронаоѓање.

– Јас и на прес-конференцијата кажав дека според оперативните сознанија, знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата што би можеле да бидат помагачи во неговото бегство. Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи, кои би можеле да бидат дел од истрагата. При претресот на неговиот дом обезбедени се електронски уреди и документација која што може да биде дел од целиот процес. Од вчера е назначен јавен обвинител што директно ќе раководи со овој случај – вели Спасовски.

Прочитајте и...  Шпанската полиција разби кинеска банда која продавала канабис низ цела Европа

Портпаролот на Владата Душко Арсовски уште еднаш повтори дека институциите ги презеле сите редовни и вонредни мерки и Мијалков веќе е во домашен притвор.

– Координацијата на сите институции со сите активности што се презедоа во изминатите два дена дадоа резултат. Владата потврди дека нема да толерира ситуации што ја уриваат довербата во системот. Правдата е обезбедена. Тоа е најважно – рече Арсовски.

Тој не одговори на прашањето дали Владата има информации каде бил Мијалков, туку рече дека во моментот кога ќе имаат нови информации, ќе ги објават.

Амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира случајот со Сашо Мијалков, рече дека е важно да се обрне посебно внимание на решавање на овој тип случаи за да стекнат граѓаните поголема доверба во институциите и во правната држава.

Поврзани вести

Српските државјани нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август во Македонија

Слободен печат

Меркел бара дијалогот со Русија да продолжи

Слободен печат

Израел и Велика Британија размислуваат за „зелен коридор за патување”

Слободен печат

Во Велес вчера немало нов ковид-случај, денеска регистрирани 36 позитивни

Слободен печат

Шпанската полиција разби кинеска банда која продавала канабис низ цела Европа

Слободен печат

При извршен вонреден инспекциски надзор во Собранието не се констатирани неправилности

Слободен печат

Остави Коментар