Каде „потфрли“ шведскиот систем во заштита на штитениците во домовите за стари лица?

Повеќе од половина од жртвите од новиот корона вирус во Шведска се стари лица, станари во домови за стари. Некои од здравствените работници веруваат дека неодлучноста на тимовите да ги испратат своите штотеници во болница е токму тоа што предизвикува огромен број жртви.

Еден од таквите случаи е и оној на Резе Седгхи кој не бил на доктор пред да почине од корона вирус во старечки дом во северен Стокхолм.

Сестрата му дала инјекција со морфиум неколку часа пред да почине, но не добил кислородна терапија и никој од вработените не повикал брза помош.

– Немаше никој таму и почина сам. Тоа не е во ред, вели за „Би Би Си“, Лили Седгхи, ќерка на сега починатото лице.

До сега во Шведска починаа 3.698 лица, а најголем дел од нив се постари од 70 години. Шведска на почетокот од пандемијата напомена дека главна цел на земјата ќе биде заштитата на критичните категории граѓани во кои спаѓаат и старите лица, но сега владата и самата признава дека не успеала во тоа.

– Не успеавме да ги заштитиме најранливите, особено старите, и покрај нашите најдобри намери, изјави премиерот Стефан Луфвен.

– Ни беше речено да не праќаме никого во болница

Шведска ги забрани посетите на лицата сместени во старечките домови на 31. март, а мнозинството се бореше со тактитката „имунитет на стадо“ без силни рестрикции како останатите европски држави.

Паралелно, се поголем број здравствени работници изразија загриженост поради задоцнетото испраќање на заштитна опрема во домовите и недоволното испраќање на штитениците во болница.

– Ни рекоа да не испраќаме во болница никој, па макар и да се работи за 65 годишници кои имаат уште години живот пред себе. Ни рекоа да не ги праќаме, вели Латифа Луфвенберг, сестра која работи во неколку домови на северот од Стокхолм.

– Некои од нив можеа да живеат барем уште неколку години и да поминуваат време со своите блиски, но немаа прилика бидејќи никогаш не дојдоа во болница, истакнува Луфвенберг.

Таа сега работи во голема болница во Стокхолм и вели дека претежно доаѓаат млади пациенти.

Државни насоки

 Шведска наложи старите лица кои се наоѓаат во државни и приватни домови да не се носат автоматски во болница на лечење.

 Наместо тоа одговорноста ќе падне врз вработените кои би требало да го проценат бенефитот од пренесување во болница, односнокојкава е шансата постаро лице на пат кон болница или во болница да се зарази со корона вирусот. Исто така би требало да размислуваат како таквото преместување ќе влијае врз комфорот и чувството на сигурност кај заболеното лице.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот