Каде ќе нема струја и вода во Скопје во петок?

Без струја и вода
Без струја и вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 24.03.2023 година (петок), без електрична енергија ќе останат:

од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. 1558 во нас. Радишани. (Општина Бутел)

од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од кула бр. 1 на ул. Никола Парапунов, (кај стара телевизија). (Општина Карпош)

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 24.03.2023 година (петок), без снабдување со вода ќе бидат следните делови од градот:

• Поради отстранување дефект на водоводна мрежа, на ул. Цицо Поповиќ, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Пролет. (Општина Центар)

• Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф – 150 мм, на улица Исаја Мажовски бр. 19, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Ѓорче Петров)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот