Каде ќе се одржи Копа Америка, и Аргентина ја загуби организацијата
Копа Америка нема да се одржи во Аргентина, објави КОНМЕБОЛ и тоа на само две недели пред почетокот на првенството на Јужна Америка. Причината за ваквата одлука на КОММЕБОЛ е епидемијата на коронавирисот, односно во последните неколку дена Аргентина бележи рекорден број на заразени.
„Поради актуелната ситуација КОНМЕБОЛ одлучи да го суспендира одржувањето на Копа Америка во Аргентина. Сега се наоѓаме во фаза на разгледување на останатите земји кои евентуално сакаат да бидат организатори“, стои во соопштението на КОНМЕБОЛ.
Копа Америка е одложена за една година токму поради истата причина, односно поради пандемијата на коронавирусот. Аргентина моментно е во локдаун бидејќи владата се обидува да го запре ширењето на коронавирусот. Последните анкети покажаа дека повеќе од 70 проценти од Аргентинците се против одржување на Копа Америка во нивната држава.
Претходно и Колумбија ја загуби организацијата, исто така поради пандемијата на коронавирусот.
A CONMEBOL informa que, em atenção às circunstâncias presentes, resolveu suspender a organização da Copa América na Argentina. A CONMEBOL analisa a oferta de outros países que mostraram interesse em abrigar o torneio continental. Em breve serão anunciadas novidades nesse sentido.
— CONMEBOL 🇧🇷 (@CONMEBOLBR) May 31, 2021