Каде ќе се игра финалето во ЛШ, Англичаните ја ставија Турција на црвена листа

Учесниците во натпреварувањата под капата УЕФА ќе заработуваат повеќе пари со новиот договор/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Финалето на овогодинешното издание во Лигата на шампионите кое треба да се игра во Истанбул е загрозено откако владата на Велика Британија ја стави Турција на ризични држави поради пандемијата на коронавирусот.

Во финалето кое треба да се игра на 29 мај ќе играат англиските Манчестер сити и Челси. УЕФА пред некој ден одобри на стадионот „Ататурк“ да има 10.000 навивачи, но тоа може да претставува проблем за фановите на англиските екипи.

Владата донесе одлука сите граѓани кои доаѓаат од црвената листа на држави да бидат во десетдневен хотелнски карантин кој мораат самите да го платат.
За многумина оваа одлука на британската влада ја поврзуваат со нивната желба финалето да се пресели во Лондон и да се игра на „Вембли“ стадионот. Според „Скај Спортс“ УЕФА сериозно размислувала за оваа можност, односно финалето да се пресели во Лондон, но останатите европски медиуми тврдат дека европската куќа на фудбалот засега не го менува ставот и инсистира натпреварот помеѓу Манчестер сити и Челси да се игра во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот