„Каде е моето дете!?“ Вработен на железничката станица во Нови Сад ја опишува трагедијата

EPA-EFE/MARKO KAROVIC

“Продававме билети на железничката станица во Нови Сад за време на трагедијата. Немаше многу гужви. Одеднаш почувствувавме вибрации, помисливме дека може е земјотрес, а потоа слушнавме силен удар, како да паднала бомба”.

Вака една од работничките на железничката станица во Нови Сад ја започнува приказната за српски “Блиц”, која била само неколку метри оддалечена од местото на трагедијата.

Видливо вознемирена, под шок, таа опишува како сè се случило за неколку секунди.

„Навистина мислевме дека некој фрлил бомба, бидејќи само пред нашите очи видовме како сè се урива врз луѓето. Истрчавме од канцелариите, но сè уште се тресеше и се се распаѓаше, а парчињата од конструкцијат паднаа за 10-20 секунди, а ни изгледаше како вечност.

“Каде е моето дете?”

Како што таа вели, сè било ужасно, шокантно и застрашувачко.

„Луѓето врескаа, трчаа кон страничниот влез,a еден колега виде жена како трча кон срушениот влез викајќи: Каде е моето дете, каде е моето дете?” Тогаш еден човек ја запре и ја повлече од другата страна за да ја заштити и ништо да не падне врз неа. Во тој момент не знаевме дали агонијата е завршена односно дали целата зграда ќе се сруши. Некои луѓе паѓаа, а други им помагаа да станат, и сега кога размислувам за тоа, едноставно можам да кажам дека луѓето беа хумани, вели соговорничката.

Министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјавил дека спасувачката операција во Нови Сад е завршена и дека конечниот баланс на несреќата 14 загинати и тројца повредени.

Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во денешната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Меѓу жртвите наведени во извештаите е и Васко Саздовски од Македонија, а неговата возраст не е наведена. Во соопштението на српското обвинителство од попладнево, во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В., со информацијата дека лицето е родено во 1979 година.

Српски медиуми: Васко Саздовски е Македонецот кој загина во Нови Сад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот